Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го спореди Виничиус Жуниор со неодамнешниот тимски колега во Челзи и белгиски репрезентативец – Еден Азаро. 18-годишниот напаѓач на Бразил дотолку го воодушеви Курта со голот во победата над Алавеш (3:0), што тој верува дека наскоро ќе биде како Азар.

– Тој ме потсетува на Азар. Игра со голема доверба, вера, без оглед на возраста. Храбар е, не се плаши, исто како Азар, рече Куртоа.

Азар се поврзува со трансфер во Реал Мадрид следното лето, по истиот принцип како што Куртоа пристигна во редовите на европските шампиони, во последната година од договорот.

Халфот на лондонскиот тим во неколку наврати истакна дека негов сон е да игра во Реал, а таму го гледаат како идеален наследник на Кристијано Роналдо.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 13:03