Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели призна дека првиот дел од сезоната го поминал во Ница против неговата волја.
Италијанецот минатото лето сакаше да се пресели во Марсеј, но тогаш клубовите не се согласија.
– Во последно време немав проблеми. Освен еден, останав во Ница против мојата волја. Сега го сменив клубот. Сместен сум во хотел, на барам дом во Марсеј, изјави балотели.
Во својата кариера, 28-годишниот контроверзен италијански напаѓач има настапувано и за: Милан, Ливерпул, Манчестер сити, Интер и Лумецане.