Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, изјави дека напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела, заслужено доби повик во националниот тим.

Триесет и шестгодишниот напаѓач оваа сезона постигна 16 гола на 16 средби за клубот Џенова.

– Целта на италијанската репрезентација за 2019 година е победа на сите натпревари. Ние повторно сакаме да бидеме меѓу најдобрите. Кваљарела заслужено е повикан, без разлика на неговата возраст, рече Манчини.

Тој изнесе мислење и за Марио Балотели.

– Не е заборавен. Ако успее да се избори за стандардно место во неговиот нов клуб и ако се врати во форма и Марио ќе биде со нас.

Манчини е назначен за селектор на Италија во мај минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 17:46