Калчолигашот Наполи не ја прифати понудата на премиерлигашот Ливерпул за напаѓачот Лоренцо Инсин испратена во јануарскиот трансфер прозорец.

Според „Република“, неаполскиот клуб ја одбил понудата на „црвените“ во износ од 61 милион фунти.

Наполи е подготвен да го продаде 27-годишниот Италијанец за 132 милиони фунти. Неговиот договор со неаполците е валиден до 30 јуни 2022 година.

Во тековната сезона, Инсиње играше на 27 натпревари за Наполи, постигна 11 гола и оствари пет асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 18:56