Шефот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу ја започна психолошката војна во пресрет на првото „Ел Класико“ за годината. Претседателот на Каталонците изјави дека е подготвен да преговара со својот колега Флорентино Перез за привлекување на Иско од Реал Мадрид, ако навистина има шанса да си замине.

Во последниве години, без разлика колку се финансиски моќни, двата гиганти имаат тенденција да не привлекуваат играчи едни од други. Тие беа во многу напната врска на крајот на векот, кога Флорентино Перез го „украде“ Луис Фиго од големиот конкурент.

Сега за Иско се шпекулира дека е во затегнати односи со Сантијаго Солари и е категоричен во желбата да замине по крајот на сезоната. И ако тоа е точно, Бартомеу ќе интервенира во битката за неговиот потпис.

– Ако нашиот тренер побара играч од Реал и овој играч сака да го напушти клубот, се разбира, дека ќе се потрудиме да го привлечеме. Но откако јас сум тука таква ситуација не се појавила. Немојте да мислите дека сме направиле некаков пакт со Реал за ненапаѓање, не постои такво нешто. Сега ме прашувате за Иско. Од почит кон Реал Мадрид, ако има ситуација околу него, ќе зборувам прво со претседателот Флорентино Перез, изјави претседателот на Барселона пред „Кадена КОПЕ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2019 11:33