Во Реал Мадрид се чуствуваат оштетени за сметка на Барселона во натпреварувањето за Кралскиот Куп. Според весникот „Марка“, во Мадрид сметаат дека каталонците добиваат дополнителна предност во натпреварите во овој турнир.

Според „белите“, пред секој натпревар за Купот, Барселона добива еден слободен ден повеќе, во споредба со нив. На пример, натпреварот Реал – Алавеш во 22-то коло на Ла Лига заврши 26 часа по натпреварот на каталонците со Валенсија. Истото ќе се случи и по три недели, кога Барселона ќе игра во сабота, а нивниот голем ривал игра во неделата вечер.

Раководството на „кралскиот“ клуб смета дека тимовите треба да добијат еднакво време за обновување пред реваншот и ќе се обрати кон Ла Лига со барање натпреварот со Леванте на 23 февруари да биде одложен.

Барселона и Реал Мадрид играат вечерва во првото полуфинале за Купот на Шпанија. Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е на 27 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2019 14:18