Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Кристијано Роналдо во наредните месеци ќе го посети македонскиот главен град.

Информацијата ја објави првиот човек на Универзитетот ФОН, Сефер Цаноски кој на својот профил на ФБ напиша дека Португалецот ќе биде гостин на неговата високообразовна институција.

Ова за Роналдо ќе биде трето доаѓање во Скопје, откако претходно го посети главниот град на Македонија кога се играше суперкупот на УЕФА а првиот пат беше гостин на фудбалскиот терен во Чаир, каде што младите репрезентации на Македонија и Португалија играа квалификациски натпревар за пласман на европско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 02:48