Наполи го прекина процесот на регистрирање на капитенот Марек Хамшик во кинескиот клуб Далијан Јифан, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Причината за овој чекор се појавените проблеми при плаќањето на откупната клаузула од страна на Кинезите кои наводно ги прекршиле претходно договорените рокови.

Износот што Далијан мора да го плати на неаполците изнесува 15 милиони евра.

Самиот играч веќе се договори со својот нов тим на тригодишна соработка за годишна плата од девет милиони евра.

Хамшик дојде во Наполи од 2007 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 09:04