Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари по ремито 1:1 против Барселона на „Камп Ноу“ во првиот полуфинален дуел од Кралскиот Куп изјави дека неговиот тим можел да се справи подобро, откако во првото полувреме направија доста промашувања.
Тој смета дека резултатот е отворен и реваншот ќе донесе уште поголеми возбудувања.
– Имавме можност да создадеме поголема предност во првото полувреме, но и во завршницата на мечот. Ова беше навистина многу содржаен меч, мислам дека фановите навистина уживаа. Покажавме дека сме тим кој работи многу сериозно. Ние секогаш одиме на победа – овој пат не остваривме таква, но задоволни сме и имаме големи очекувања за реваншот, рече стратегот на „кралскиот“ клуб.