Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике изрази мислење дека капитенот на Реал Мадрид – Серхио Рамос – требало да биде избркан за време на првото „Ел Класико“ од полуфиналето на Купот на Шпанија.
Дефанзивецот на „белите“ доби жолт картон во 10-тата минута на мечот а „Камп Ноу“, кој заврши со 1:1, а потоа имаше неколку груби стартови врз своите противници, кои сепак не беа санкционирани од судијата.
– Рамос требаше да добие црвен картон, но се е прашање на толкување. Нашата цел е повторно да се квалификуваме за финалето. Ни се падна Реал, но можеше да биде било кој друг тим. Ние се бориме за финалниот натпревар, изјави дефанзивецот на „лос кулес“.
Што се однесува до Лионел Меси, кој се приклучи по 60-тата минута, Пике објасни: „Мислам дека се справи добро. Беше брз. Немаше проблеми, кои го мачеа во претходните денови. Тоа е добра вест. Се надеваме дека ќе биде на линија за гостувањето кај Атлетик Билбао и ќе ни помогне“.
Во 23-тото коло на Ла Лига, каталонците ќе гостуваат на „Сан Мамес“. Средбата е на 10 февруари во 20:45 часот.