Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Марко Верати е повреден и може да ја пропушти првата средба од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед.

Друг главен играч на ПСЖ – Нејмар, заработи повреда на 23 јануари во натпревар од шеснаесетфиналето за Купот на Франција против Стразбур (2:0) и ќе пропушти околу 10 недели.

– Верати не можеше да го заврши тренингот во вторникот. Има потреба од време за да се разбере дали ќе може да игра против Бордо. Тој има нов проблем, но се уште имаме малку информации, изјави тренерот на тимт, Томас Тухел.

Манчестер Јунајтед го пречекува ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на 12 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 13:04