Манчестер Јунајтед може да се бори за титулата во следната сезона, ако на чело на тимот остане Оле Гунар Солскјер, смета Џеси Лингард.

Норвежанецот во моментов е со статусот на привремен менаџер, но под негово раководство „црвените ѓаволи“ запишаа девет победи и едно реми во десет натпревари досега.

– Солскјер и Мајк Фелан го вратија стариот Манчестер Јунајтед. Тие ја знаат многу добро како лигата, така и клубот одвнатре, па успеаја на совршен начин да не натераат да заиграме така, како што правиме во моментов. Солскјер се справи многу добро. Никој не може да го обвинува за ништо. Кога дојде, веќе знаеше што да прави. Веднаш ја доби поддршката на играчите. Ни кажа дека во овој клуб има големи очекувања и тензии, со кои треба да се справиме и да заиграме како вистински Манчестер Јунајтед. Ако продолжиме на ист начин, во наредната година ќе се бориме за титулата, изјави Лингард.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 13:07