Новиот додаток на Барселона, Френки де Јонг, даде силна изјава, откако сподели дека неговиот сон е да ја заврши својата кариера на „Камп Ноу“. Иако има само 21 година, играчот од средниот ред на Ајакс веќе размислува за иднината. Де Јонг ќе пристигне во Барса од Ајакс по крајот на сезоната.

Интерес за играчот од средниот ред имаше од Париз Сен Жермен и Манчестер Сити, но желбата на играчот отсекогаш била да игра за Каталонците.

– ПСЖ беше добра опција, но Барселона отсекогаш беше мојот сон. Среќен сум од петгодишниот договор и ако мојот престој е успешен, постои шанса никогаш да не заминам, како Лионел Меси, рече Де Јонг.

Дваесет и едно годишниот Холанѓанец, исто така, откри дека најверојатно ќе игра со дрес, на кој стои неговото име, а тоа било по наредба на спортскиот гигант „Најк“.

– Во јули ќе го потпишам договорот во Барселона и ќе бидам презентиран на навивачите и медиумите. Ја разгледуваме можноста за играње со името Френки на грбот. „Најк“ го сака тоа од маркетинг гледна точка, но не сум сигурен дали ми се допаѓа, рече тој.

Де Јонг изрази надеж дека ќе го добие дресот со бр. 21, иако во моментов е зафатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 13:08