Екипата на Академија Пандев денес се врати во Струмица по дванесетдневните подготовки во Анталија, Турција.
Таму „пандевци“ одиграа шест контролни натпревари со биланс од две победи, два порази, а две средби одиграа нерешено.
До почетокот на пролетниот дел од првенството, Академија Пандев подготвките ќе ги финишира во Струмица.
В недела на стадионот на Спортскиот комплекс „Пандев“, четвртопласираната екипа во шампионатот ќе ја одработи уште генералката со скопски Вардар.