Дефанзивецот Меди Бенатија ја посочи желба неговите деца да израснат во муслиманска средина како причина да премине од Јувентус во катарскиот Ал Дуаил.

– Добив критики од мароканските спортски критичари поради преселбата во Доха, но сакам сите да ја почитуваат мојата одлука, бидејќи беше најдобрата за мене и моето семејство. Сакам моите деца да израснат во муслиманска средина и можев да одам во клубови од ОАЕ или Саудиска Арабија, но решив да дојдам во Ал Дуаил. Има многу играчи од Мароко, кои играат во репрезентацијата и се во тимови од Арапскиот Залив, изјави Бенатија пред клупскиот сајт.

Во однос на репрезентацијата на Мароко, тој изјави дека селекторот Ерве Ренар го познава добро и ако прецени, дека не заслужава да биде в националниот тим, ќе го прифати неговото решение.

Тренерот во Ал Дуаил и поранешен помошник на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, Руи Фариа изјави дека е задоволен од пристигнувањето на Мароканецот и се надева дека неговото искуство во германската и италијанската елита ќе придонесе за зголемувањена квалитетот на тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 14:07