Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, рече дека неговата земја би можела да ја добие организацијата на Европското првенство во 2028 година.

– ЕУРО 2028 за Италија не е само идеја. Ова е добро заснована идеја која е дел од нашата програма. Ова е проект кој ќе додаде ентузијазам кон нашата земја, а во исто време ќе ни помогне да ја подобриме фудбалската инфраструктура. Се надевам дека УЕФА ќе ја исполни нашата желба, изјави првиот човек на италијанскиот фудбал.

Последен пат Италија беше домаќин на голем меѓународен турнир во 1990 година. Тоа беше Мундијалот на кој победи Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 19:34