Голманот на Ливерпул, Алисон, верува дека неговиот тим може да мине прв низ целта во англиската Прмиер лига.

„Црвените “ се втори на табелата со 62 бода, исто колку и лидерот Манчестер сити, но имаат и меч помалку.

Верувам дека можеме да победиме во шампионатот. Порано Ливерпул не беше доволно добар за врвот, но сега сме конкурентни за трофејот. Го играме секој натпревар без грижа што ќе направат нашите ривали. Нашата задача е да победуваме и д ане губиме поени. Ние не размислуваме за Манчестер сити, се фокусираме на самите себе, вели Алисон. Оваа сезона тој бранеше на 25 натпревари за Ливерпул во Премиер лигата и прими 15 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 19:40