Реизбраниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека организацијата нема да го укине правилото за гол на гостински терен.

– Чудно, немаше ни да зборуваме за тоа. Ова беше дискутирано во комисиите, но не беше донесена одлука. Вие не треба да ширите лажни вести, рече Чеферин на прес-конференција одржана по Извршниот комитет на УЕФА.

Во вторникот, германското издание на „Кикер“ објави дека Извршниот комитет, наводно, треба да го укине правилото за гол на гостински терен воведено во сезоната 1965/66. Причината за ова може да биде зголеменото незадоволство на скептиците кои велат дека сега стана полесно да се постигне гол на теренот на противникот за разлика од пред 50 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 19:53