Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е најплатениот тренер во првите пет европски фудбалски првенства.

Според „Л’Екип“ Аргентинецот заработува 3,3 милиони евра месечно.

Во Англија, Јозеп Гвардаола добива најмногу. Него Манчестер Сити му плаќа на месечна основа 1,9 милиони евра.

Од Серија А во Италиј, најплатен тренер е Масимилјано Алегри со 1,14 милиони евра месечно.

Во Германија, Нико Ковач е лидер, добивајќи 580.000 евра месечно од Баерн Минхен.

ПСЖ на Томас Тухел му дава 420 илјади евра месечна плата со што Германецот е најплатен тренер во француската Лига 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 10:34