Тренерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека тој самиот си е главен критичар. Четириесет и седумгодишниот додаде дека „топџиите“ се уште можат да влезат во првите четири првенства во англиската Премиер лига.

Мојот прв критичар сум јас. Се уште можеме да влеземе во првите четири, но тоа нема да биде лесно. Играме добро дома, но треба да постигнеме поголем успех. Почнавме многу добро со менување на нашиот менталитет. Но, сега треба да ја вратиме самодовербата, изјави Емери. Покрај тоа, Арсенал треба да дејствува подобро во одбраната. Игравме со три и со два централни бранители. Потребно е да останеме и страсни и мирни, но најважно е да продолжиме да работиме, додава предводникот на Арсенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 12:44