Во тренинг центарот на бразилскиот фудбалски гигант Фламенг избувна пожар во кој животот го загубија десет млади фудбалери, а најмалку тројца други се повредени, објави локалниот „Глобо“.

Пожарот ги зафатил просториите на клубот во Рио де Жаниеро, кои пред само два месеци биле проширени. Несреќата се случила во времето кога играчките на возраст од 14 до 17 години спиеле.

-Децата од младинската школа спиеја во времето на пожарот, изјави пожарникар Даглас Хено, пренесе „Ројтерс“.

Фламенго е еден од најголемите клубови во Бразил, каде што играа легендарните фудбалери како што се Загало, Зико, Роналдињо, Ромарио, Бебето,…



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 12:54