Најуспешниот фудбалски клуб во САД, Лос Анџелес Галакси ќе овековечат еден од најпопуларните и најголеми фудбалери кои го носеле нивниот дрес- Дејвид Бекам.

Клубот ќе постави статуа на Бекам околу својот стадион, а официјалното отворање е закажано за 2-ри март. Поставувањето споменик околу стадионот не е ново за европските тимови, но за прв пат клуб од МЛС се решава за таков чекор. Очекувањата се дека Бекам, природно, ќе го посети настанот.

Англичанецот, кој направи име во матичниот Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, играше за Галакси пет години од 2007-та до 2012-та година. Исто така тој стана и првиот фудбалер во американското првенство што потпишал договор, кој не влегува во „салари кап“ лимитот на клубот. Малку подоцна ова правило беше потврдено како „Бекам правило“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 16:03