Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, наскоро може да влезе во тренерските води.

Според медиумите на Островот, Сколс, најверојатно ќе ја прифати понудата на тимот на Олдам и ќе стане нивнен менаџер.

Имаше дилема околу тоа дали може да има конфликт на интереси во неговиот случај, бидејќи има акции во тимот на Салфорд Сити, кој скоро сигурно ќе влезе во лигата, каде се натпреварува и Олдам.

Сепак, на состанокот на шефот на Лигата, Сколс добил зелено светло да започне со раководната работа.

Тој треба да го следи денешниот натпревар со Кроули Таун во „Баундари парк“.

Инаку, Сколс склучил договор за година и пол, но тој мораше да чека додека лидерите на Лигата не донесоа одлука дека нема конфликт на интереси, па сега тој може да почне да работи.

Се очекува поранешниот англиски репрезентативец да дебитира во новата улога уште во вторник, 12 февруари, во натпреварот со Јеовил.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2019 12:06