Руското Министерство за внатрешни работи објави дека околу 5.500 странски фанови се уште се во земјата скоро седум месеци по завршувањето на Светското првенство.

Повеќето од нив, 1.863, се Нигеријци, чија репрезентација играше со Хрватска, Аргентина и Исланд во групата. Другите се Виетнамци (911), додека трети државјани на Бангладеш (456), иако тие земји не учествуваа на Светското првенство.

Илјадници обожаватели останаа во Русија неколку недели по завршувањето на СП, но овие 5.500 луѓе се главно имигранти, тврди руското министерство. Тие го злоупотребиле идентификаторот за фанови (Fan ID), нашироко фалениот системот за акредитација на Светското првенство, кој им дозволи на странски државјани да влезат во Русија без виза за време на СП.

Ваквиот тип дозвола важеше до 31 декември, до кога имало околу 12.000 „фанови“ во Русија, а локалните власти објавија дека се очекува да ја решат ситуацијата со останатите до крајот на март.

Многу од нив ќе бараат политички азил во Русија, а секој што нема да добие, ќе биде депортиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2019 12:41