Светското првенство во Русија заврши пред речиси седум месеци, но уште дава одраз на битката во Премиер лигата. Ова се вели во извештајот на осигурителниот брокер „ЏејЕлТи Спешлти“ за повредените играчи во англиското првенство.

Според нив, лидерот Ливерпул бил „оштетен“ од дванаесет различни повреди на играчи кои учествувале на Светското првенство. За споредба, противникот за титулата, Манчестер Сити се соочил со 27 повреди на своите фудбалери.

Шампионите имале зголемување на бројот на повредите за 44 отсто во споредба со минатата сезона во оваа фаза. „Граѓаните“ испратија 16 играчи на Светското првенство во Русија од осум различни националности. Токму Сити е тимот, кој е најпогоден од повредите.

Еден од лидерите на Манчестер Сити е Кевин Де Бруин кој во просек одигра 36 натпревари во претходните две сезони. Поради тешкито Мундијал и неговото исцрпување, белгискиот репрезентативец доби повреди во последните неколку месеци. Ова доведе до само четири натпревари во кои Де Бруин започна како стартер.

– Кога играш речиси постојано во текот на 11 месеци доаѓаат повреди. Убеден сум дека светското првенство влијае. Кога си свеж и одморен не се повредуваш толку често, изјави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Извештајот на „ЏејЕлТи Спешлти“ гласи дека повредите во Сити довеле до пропуштање на 617 дена тренинзи и натпревари за играчите на шампионите. Ова пак води до повеќе од 17 милиони фунти трошоци за обновување. Во Ливерпул показателите се пониски – 128 дена и 9,3 милиони.

Третиот тим, кој е во битката за титулата, Тотенхем, исто така е од погодените. Во моментов најголемите ѕвезди на „петлите“ Хари Кејн и Деле Али, кои играа на светското, се повредени.

Клубовите од топ 6 на Премиер лигата беа под влијание од 201 различни повреди на своите играчи, објаснува Данкан Фрејзер, кој е на чело на спортскиот оддел во „ЏејЕлТи Спешлти“.

– Недостатокот на зимска пауза во Англија, во комбинација со тешкото светско првенство води до исцрпеност кај играчите. Ова создава предуслови за повреди кои се одразуваат на водечките тимови. Токму тие се оние кои праќаат најмногу играчи на светското, вели Фрејзер.

Според него, сепак клубовите умеат да се справат со такви тешки ситуации.

– Фактот дека англиските тимови продолжуваат напред во европските клубски турнири – Лигата на шампионите и Лига Европа, сам по себе покажува за квалитетот во составите, смета тој.

Податоците на „ЏејЕлТи Спешлти“ гласат дека до моментов клубовите од Премиер лигата одвоиле трошоци од над 130 милиони фунти за опоравување на своите играчи, кои претрпеле повреди. Сумата е пресметана до 22 јануари и ако тимовите се движат по распоред, ќе ги надминат минатогодишните 213 милиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2019 13:00