Англиската фудбалска лига (EФЛ) во петокот ја одложи одлуката за шпионажата на Лидс, откако продолжува да истражува и бара појаснувања во голем број области. Менаџерот на Лидс, Марсело Биелса призна минатиот месец дека неговиот тренерски штаб ги следел тренинзите на сите свои противници во оваа сезона.

Ова се случи откако еден од неговите асистенти беше отстранет од тренинг теренот на Дерби Каунти ден пред судирот. По победата на Лидс над Дерби со 2:0 на „Еланд Роуд“, EФЛ официјално започна истрага за инцидентот, кој менаџерот на „овните“, Френк Лампард го опиша како неетички.

Во официјално соопштение од EФЛ се вели: „По сеопфатен преглед на сите достапни докази беше откриено дека остануваат бројни области кои бараат дополнително истражување и разјаснување. Овие истраги ќе се одржат при првата можност. По добивање и анализа на истите, ќе биде обезбедена ажурирана информација за оваа тема и нема да се направат дополнителни коментари дотогаш“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2019 13:45