Левиот бек на Леванте, Тоњо Гарсија бил уапсен, соопштија од клубот во официјалното соопштение. Оттаму не ја посочија причината за приведувањето на играчот, но рекоа дека случајот веќе е во рацете на истражните органи.

Според локалните медиуми, фудбалерот бил уапсен без право на гаранција заедно со уште шест лица по 7 обвиненија, меѓу кои се учество во криминална организација, изнуда, смртни закани, фалсификување на документи и перење пари. Се уште се истражува случајот.

Дваесет и девет годишниот Тоњо, кој има 17 натпревари и 1 гол оваа сезона, повторно потпиша со Леванте во средата до 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2019 13:50