Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер изрази надеж дека неговиот тим ќе остане меѓу првите четири на крајот од сезоната.

Јас секогаш гледам напред. Го следам тимот од моментот кога го потпишав договорот. Ги следам играчите кои можат да бидат носители на играта по една или две години. Имаме играчи можат да настапуваат уште седум, осум или дури девет години, имаме прекрасен млад состав. Сега сум фокусиран на напредување на тимот што е можно повисоко во табелата. Во моментов сме четврти и се надевам дека ќе останеме во првата четворка, изјави норвешкиот тренер.

По победата над Фулам (3:0), МЈ се искачи на четвртото место на табелата во шампионатот во Англија. „Црвените ѓаволи“ имаат 51 бод по 24 кола.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2019 10:34