Капитенот на Барселона, Лионел Меси го пропушти вчерашниот тренинг и според информациите од каталонскиот клуб тој најверојатно нема да игра против Атлетик Билбао.

Аргентинецот пред една недела на дуелот со Валенсија се пожали на болка во бутниот мускул. Тој пред три дена во полуфиналето од шпанскиот куп против Реал Мадрид влезе од клупата за резервни играчи и одигра половина час.

По тој меч, капитенот на Барселона беше на третмани кај физиотерапевт, но мали се шансите утре да заигра против Атлетик.

Оваа сезона, Меси одигра 28 натпревари, постигна 29 голови со 17 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2019 10:35