Селекторот на Интер, Лучано Спалети, кажа добри зборови за Раџа Наинголан и Иван Перишиќ по тешката победа над Парма (1:0) синоќа. Лаутаро Мартинез постигна гол 120 секунди по влегувањето на теренот, а „неразурите“ го остварија првиот шампионски успех за 2019 година.

– Имаме потенцијал да ги надминеме тешките времиња. Понекогаш тензиите ни влијаат многу повеќе, но овојпат бевме добро организирани. Раџа потсети на она што го правеше во Рома како плејмејкер од задните позиции. Перишиќ е способен да игра со двете нозе, но мора повеќе да работи на завршниот удар со десната нога, рече Спалети.

Прашан за формата на Мауро Икарди, кој во седми последователен натпревар не постигна гол, тренерот на миланскиот гигант напомена за преговорите меѓу клубот и аргентинскиот напаѓач за нов договор.

– Јас не создавам проблеми за Икарди. Кога има недоразбирање, тоа мора брзо да се среди, инаку шпекулациите ќе почнат. Сега има доволно време да се седне и дасе зборува за нешто, што беше коментирано со месеци, додаде стратегот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2019 11:16