Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа е немилосрден во однос на финансиските барања за да го обнови договорот со „црвените ѓаволи“, пишува „Мирор“. Шпанскиот голман е подготвен да се поврзе со Манчестер за долго време, се додека неговите барања за надоместокот што ќе го добива бидат задоволни.

Голманот побарал 400.000 фунти неделно, што значи 21 милион евра годишно. Таквата сума ќе го направи Де Хеа втор најплатен фудбалер на Јунајтед по Алексис Санчез (23 милиони евра годишно).

Во меѓувреме, блиски до клубот велат дека Јунајтед не е многу склон да ги исполни условите на Де Хеа, и бара начин да постигне консензус со голманот. Актуелниот негов договор истекува летото 2020 година.

Во минатото Де Хеа беше баран од Реал Мадрид, но оваа страница се чини дека е затворена откако „белите“ го купија Тибо Куртоа во летото 2018 година. Меѓутоа, шпанскиот репрезентативец е во плановите на Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2019 14:43