Катастрофален пораз од 6:0 претрпе тимот на Челзи вечерва на гостувањето кај Манчестер сити. Головите за Манчестер ги постигнаа Серхио Агуеро – три, Рахим Стерлинг – два, Илкај Гундоган – еден.

Актуелниот шампион на Премиер лигата со новите три бода повторно се врати на врвот на табелата изедначувајќи се по бројот на бодовите со Ливерпул, но „граѓаните“ имаат и натпревар повеќе од конкурентите.

За Челзи ова беше шести пораз во 26-от натпревар по кој остана на 6. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2019 10:01