Ешли Јанг официјално го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед за уште 12 месеци – до јуни 2020 година. Минатата недела медиумите објавија дека двете страни постигнале договор, а денес договорот е парафиран.

Триесет и три годишниот Јанг стана шестиот играч на Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната кој потпишува нов договор со клубот. Претходно, истото го направија и Лук Шо, Крис Смолинг, Скот Мектомини, Антони Марсијал и Фил Џонс.

Андер Ерера и Хуан Мата се единствените играчи чии договори истекуваат летово, но се уште не ги обновиле.

Англискиот репрезентативец беше привлечен од Астон Вила во 2011 година. Првично, тој играше како крило, но во последниве години тој беше преквалификуван како дефанзивец.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2019 18:33