Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер синоќа го забележа првиот пораз (0:2) по доаѓањето на „Олд Трафорд“. Подобри од „црвеените Ѓаволи“ беа фудбалерите на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.
– Може да се каже дека во последно време имавме неколку натпревари на ова ниво. Сè уште има многу работа пред нас. Но, не можеме да кажеме дека сè е веќе готово. Ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра, но денес имавме враќање во реалниот свет, изјави Норвежанецот.
Реваншот е закажан за 6. март во Париз.