Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е уверен дека неговиот тим може да оствари добар резултат против Борусија Дортмунд.
Двете екипи вечерва ќе се сретнат во Лондон во првиот меч од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите.
– Не очекува дуел со лидерот во Бундеслигата. Во прашање е многу квалитетен состав кој игра сјајна сезона. Сепак, верувам во квалитетот на моите играчи. Можеме да победиме било кој противник, изјави Покетино.
Тотенхем и на овој натпревар ќе биде ослабен, без својот најдобар играч Хари Кејн и Деле Али.
Натпреварот на „Вембли“ ќе почне во 21 часот.