Тренерот на ПСЖ, Томас Тукел не очекувал таков негативен однос на навивачите на Манчестер јунајтед кон Анхел ди Мариа кој во минатото настапуваше за нивниот омилен клуб.

Секој контакт со топката на 30-годишниот Аргентинец беше проследен со свирежи, а во второто полувреме домашните навивачи фрлија и едно шише кон него.

– Мислев дека има добри односи со навивачите. Во првото полувреме тој беше малку нервозен, но подоцна одлично играше. Мило ми е што беше сигурен и што остана смирен и покрај провокациите, изјави Тухел.

Ди Мариа секогаш го дава максимумот и затоа е лесно да му се прости затоа што не одигра најдобро во првиот дел. Јас сум задоволен од севкупната негова изведба. Тоа беше одлично враќање во неговата изведба, и јас сум многу задоволен. Многу ни помогна за победата (2:0).



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 14:15