Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, можел да стане тренер на клубот од „Алијанц арена“.

Хенес вели дека многу го почитува поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, а Клоп наскоро ќе има можност да се врати во Минхен, каде со Ливерпул игра во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Првиот човек на Баерн откри дека Клоп пред 11 години бил во кругот на кандидати за функцијата прв тренер.

– Лично, имам многу добро мислење за Јирген Клоп. Пред многу години, ние скоро се договоривме за соработка, но на крајот се решивме тренер да биде Јирген Клинсман. Екстремно го цениме сето она што досега Клоп го работи, а ова ќе биде тежок натпревар за двата клуба. Се надевам дека на крајот ќе излеземе како победници, рече Хенес.

Клоп потоа седна на клупата на „милионерите“ од Дортмунд, со кого тој ја сруши доминацијата на Баерн и освои две титули во Бундеслигата. Потоа се пресели на „Енфилд“ во есента 2015 година.

Сегашниот менаџер на „црвените“ се нашол вофокусот на лидерите од Баерн Минхен додека тој работел како тренер на Мајнц, кој успеа да го внесе во елитното друштво во 2004 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2019 12:38