Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди одржал 15-минутна средба со тренерот Лучијано Спалети, објави „Кориере дела Сера“.

Дваесет и петгодишниот Аргентинец не присуствуваше на денешниот тренинг на клубот во Милано. Претходно, на Икарди му беше одземена капитенската лета.

Тој, исто така, не учествуваше на вчерашниот натпревар од 1/16 финалето на Лига Европа против Рапид (1:0).

Италијанскиот новинар Валер де Маџо изјави за „Скај Спортс“ дека Аргентинецот склучил прелиминарен договор со Јувентус.

Во тековната сезона, Икарди играше на 28 натпревари за Интер, постигна 15 гола и забележа две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 10:43