Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри му честиташе на Пауло Дибала за неговиот гол против Фросиноне во победата од 3:0 синоќа.

– Мило ми е за Пауло. Напаѓачите живеат за да постигнуваат голови. На Јуве му е потребен играч кој може да игра во просторот меѓу линиите, а Дибала е токму таков. Тој не постигнува толку често како порано, но неговиот настап е на ниво, рече тренерот на „бјанконерите“.

„Старата дама“ немаше проблеми против гостинскиот тим и веќе размислува целосно за судирот во осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

– Нашата физичка состојба се подобрува. Ако гоисклучиме ремито со Парма, добро ни оди во Серија „А“. Тимот е во форма и е подготвен за тежок тест што е пред нас за неколку дена. Мораме да бидеме многу внимателни против Атлетико и да чекаме за вистинскиот момент да постигнеме гол. Многу е важно да дадеме гол во Мадрид, во спротивно ќе биде многу тешко да поминеме во следната фаза, рече Алегри.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 12:05