Рускиот фудбалски сојуз поднесе барање да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021 во Санкт Петербург, соопшти генералниот директор на РФС, Александар Алаев.

Одлуката за местото на одржување на овој натпревар ќе се земе на заседание на Извршниот комитет на УЕФА во мај или јуни оваа година.

По успешното Светско првенство во 2018 година, Русија сака да организира уште еден престижен натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 13:42