Раководството на Челзи сподели официјална изјава за трансфер ембаргото, наметнато претходно денеска, во два трансфер прозорци.
„Сините“ од Лондон категорично ги негираат откритијата на ФИФА и, како што се очекуваше, ќе се жалат на санкцијата.
Еве ја целосната изјава на Челзи:
„Фудбалски клуб Челзи денеска ја доби одлуката на Дисциплинската комисија на ФИФА за наводните обвинувања за кршење на правилата на ФИФА, кои се однесуваат на трансферите на фудбалери под 18-годишна возраст. Одлуката наметнува забрана за трансфер за два последователни периоди на регистрација и парична казна од 600.000 швајцарски франци. Фудбалскиот клуб Челзи категорично ги негира откритијата на дисциплинскиот комитет на ФИФА и од таа причина ќе поднесе жалба на донесената одлука.
Клубот сака да нагласи дека ја почитува важната работа извршена од ФИФА во однос на заштитата на малолетниците фудбалери и помага на ФИФА цело време на истрагата. Челзи првично беше обвинет за членовите 19.1 и 19.3 во однос на 92 играчи. Го поздравуваме фактот дека ФИФА усвои недостаток на нарушувања во 63 од овие случаи, но сме исклучително разочарани дека ФИФА не постапи на ист начин во врска со останатите 29 играчи. Фудбалскиот клуб Челзи ќе постапи според важечките правила и наскоро ќе поднесе жалба до ФИФА“.