Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар од 27. коло во англиското првенство против Ливерпул.

– Ова е важен натпревар за нив, ова е важен натпревар и за нас. Сакаме да влеземе во топ 4. Играме со Ливерпул и знаеме колку е значаен овој меч за сите во клубот и за навивачите. Знаеме дека не очекува тежок натпревар. Тие играат неверојатно оваа сезона. Но, тие знаат дека играњето на „Олд Трафорд“ е тешко. Сакам да играме подобро од средбата со ПСЖ. Треба да се извлечеме поуки од тој пораз и да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар, изјави предводникот на Јунајтед.

Дербито е закажано за в недела со почеток во 15 часот и 5 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 17:55