Тренерот на Фулам, Клаудио Раниери во блиска иднина може да биде разрешен од своето работно место, објави „АС“.

Менаџментот на тимот е незадоволен што италијанскиот специјалист не успеа да ја подобри позицијата на Фулам по трите месеци работа со тимот..

Потенцијална замена за Раниери е поранешниот предводник на Бетис и Ла Коруља, Виктор Санчез дел Амо.

Раниери дојде во Фулам во ноември минатата година. Под негово водство тимот има 14 натпревари на кои оствари само три победи.

Лондонскиот клуб е на 19. место во Премиер лигата со 17 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 18:35