ФИФА ја одзеде организацијата на Перу на Светското првенство за играчи до 17 години поради страв од инфраструктурни проблеми. Одлуката беше донесена од бирото на Советот на ФИФА, кое ги вклучува претседателите на шесте регионални конфедерации и претседателот на ФИФА – Џани Инфантино.

Турнирот беше закажан за спроведување во октомври, откако Перу беше избран за домаќин минатиот јуни, но од ФИФА соопштија дека по неколку посети откриле „неколку сериозни предизвици за спроведување на настанот од организациска и инфраструктурна гледна точка“.

ФИФА додаде дека наскоро ќе разговара за алтернативи за избор на нов домаќин. Претходното издание на Светското првенство до 17 години во Индија во 2017 година беше освоено од Англија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2019 12:18