Интер е подготвен да му понуди нов договор на напаѓачот Мауро Икарди, објавија италијанските медиуми. Пред тоа, напаѓачот беше лишен од капитенската лента.

Според неофицијални информации, Аргентинецот потпишал пред-договор со Јувентус. Сепак има многу проблеми во преговорите за новиот договор.

Напаѓачот пропушти три последователни натпревари соо тимот и веројатно нема да учествува и на претстојниот дуел со Фиорентина.

Според „Кориере дело Спорт“, Интер му предлага четиригодишен договор со плата од 6,5 милиони евра годишно. Напаѓачот сака 7,5 милиони годишно без бонуси кои можат да го зголемат тој износ до 10 милиони евра.

Преговорите во име на напаѓачот ги води неговата сопруга и агент Ванда Нара. 26-годишниот напаѓач оваа сезона забележа 28 натпревари за Интер и постигна 15 гола со 3 асистенции. Овој договор истекува летото 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2019 12:48