Барселона е лидер во Ла Лига по 24 круга од сезоната со вкупно 54 поени. Каталонците имаат водство од седум поени пред вториот Атлетико Мадрид, кој е со 47 и девет пред третиот Реал 45.
Статистиката покажува дека во историјата на Ла Лига, слична разлика во оваа фаза од првенството не е стигната и само од Барселона зависи освојувањето на шампионската титула.
Најсличен случај е оној од сезоната 2006/07, кога Реал Мадрид под водство на Фабио Капело успева да избледне негатива од шест поени. Тогаш по одигрувањето на 24-тото коло „кралевите“ имаат заостанување од шест бода, а на крајот на сезоната успеваат да ја освојат шампионската титула.
И покрај критиките за презентацијата на Барселона во последните натпревари од сезоната, тие успеаја да ја зголемат својата предност и тоа им овозможува да погледнат порелаксирано кон претстојните дерби мечеви против Севиља и Реал Мадрид. Програмата за тимот предводен од Валверде е комплицирана, но водството и дава надеж на Барселона за освојување на уште една шампионска титула.