Денешниот неделен ден претставува вистинска радост за навивачите на англискиот фудбал, кои ќе проследат два исклучителни судири – едно класично дерби и финален дуел, по кој ќе се утврди и првиот носител на трофеј!

Шоуто започнува во 15:05 часот со битката помеѓу двата најуспешни тима во историјата на локалниот фудбал – Манчестер Јунајтед, го пречекува големиот ривал Ливерпул. И двата тима се наоѓаат во форма, откако „црвените ѓаволи“ го зголемија значително нивото под водство на Оле Гунар Солскјер. Самите тие имаат свои цели, а освен тоа сигурно ќе сакаат да ја расипат забавата на Ливерпул и да ги намалат шансите на тимот од „Енфилд“ за прва титула во Премиер лигата.

Назначувањето на Солскјер дојде по поразот од Ливерпул со 1:3, кое доведе до смена на Жозе Мурињо. Сега сепак ситуацијата е поинаква, а во последните неколку натпревари Ливерпул загуби поени, со што им дозволија на Манчестер Сити да ги стигнат на врвот.

И во двата тима има проблеми со повредени, откако Норвежанецот најверојатно ќе мора да се справи со отсуството на Антони Марсијал и Џеси Лингард, но во дербито на Англија овој факт небаре нема толку значење.

Шоуто со бренд англиски фудбал сепак ќе продолжи и по неговиот крај, откако во 17:30 часот погледите ќе се насочат кон „Вембли“ и финалето во Лига Купот, во кое ќе се соочат Челзи и Манчестер Сити.

Ова е прв дуел за трофеј помеѓу тимовите во историјата, а еден од нив ќе дојде до шесттиот од турнирот. Само Ливерпул со 8 има повеќе.

Челзи и најмногу менаџерот на тимот, Маурицио Сари, се под голем притисок, кој започна по рекордниот пораз од 0:6 од денешниот противник во натпревар од ФА Купот порано во текот на месецот. Еден трофеј сигурно ќе ги смири работите, но сепак „граѓаните“ едвај имаат намера да пропуштат освојување на прва титула сезонава.

Челзи ќе биде без својот голман Кепа Арисабалага, а прашањето пред Пеп Гвардиола е на кого да се обложи – на Аријанет Муриќ, кој настапуваше во претходните натпревари, или на Едерсон.

Состојбата со Џон Стоунс, Бенжамен Менди и Габриел Жезус,кои се опоравуваат од повреди е добраи тие може да земат учество во дуелот.

Кај Челзи под прашање е Давиде Запакоста, кој беше болен, како и Педро, кој има проблеми со стомакот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 11:48