По серијата негативни резултати, раководството на Лестер го отпушти тренерот Клод Пуел. Причината за разделбата меѓу двете страни се слабите резултати во последно време и вчерашниот тежок пораз од Кристал Палас со 1:4.

Пуел застана на чело на „лисиците“, откако Лестер се раздели со Клаудио Раниери. Фаворит за испразнетиот пост е Брендан Роџерс, а овие шпекулации се шират низ медиумскиот простор уште од декември 2018 година.

Во последните 5 натпревари „лисиците“ зедоа само 1 поен по ремито со Ливерпул – 1:1, но забележа и 4 последователни порази од Вулверхемптон, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Кристал Палас.

Тимот е рангиран на 12 место во Премиер лигата со 32 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 12:27