Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари призна дека можеби ќе го извади голманот Кепа Арисабалага од стартниот состав, иако голманот беше казнет и се извини поради одбивањето да биде заменет во финалето на Лига Купот против Манчестер Сити.

Случајот се разигра во последната минута од продолженијата по редовните 90 минути, кога Шпанецот доби двапати медицинска помош, но кога Сари му кажа на резервниот голман Вили Кабаљеро да влезе во игра, 24-годишниот Арисабалага одби да излезе.

– Кепа се извини на тренерскиот штаб, но тоа не беше доволно. Тој им се извини и на своите соиграчи и на клубот. Не сакаме да го убиеме. Не знам дали тој ќе игра утревечер против Тотенхем. Морам да ја донесам таа одлука. Мислам дека е во форма. Ова ќе биде одлука на колективот на сите играчи, изјави Сари на пресот пред лондонското дерби.

Тој смета дека ситуацијата против Манчестер Сити била навистина невообичаена и сите играчи биле шокирани.

– Беше невозможно веднаш да реагирам. Клубот одлучи да го казни фудбалерот и тој мора да го прифати тоа. Тоа бешеголемо недоразбирање, морам да ја проценам нашата презентација. Не би сакал голман кој има грчеви да брани пенали. Кабаљеро добро ги познава сите играчи на Манчестер Сити. Мислев дека голман во многу добра состојба треба да брани. Зад мојата одлука немаше друга идеја, бидејќи пеналите се лотарија, додава Италијанецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2019 17:42