Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, истакна дека не е важно на која позиција ќе игра во шемата на Оле Гунар Солскјер. Во натпреварот од Ливерпул (0: 0), белгискиот репрезентативец беше на десно крило на нападот.

– Лево, десно, во средина… не ме интересира каде ќе играм. Да играм за овој клуб е чест за мене и ќе дадам се од себе за да бидам корисен. Играјки десно, како на натпреварот со Ливерпул, се обидов да создавам шанси, а на врвот на нападот морам да бележам. Додека менаџерот сака да ме користи, ќе направам се што е во моја моќ за да помогнам, вели поранешниот напаѓач на Челзи, ВБА и Евертон.

Тој потврди дека тимот има многу повредени, но сите се обидуваат да гледаат позитивно на работите.

– Ние сме Манчестер Јунајтед и треба да излеземе на теренот и да победуваме насекаде, додаде Лукаку.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2019 17:47